Најновиот материјал од иднината е направен од сосема традиционален ресурс. Супердрво кое е цврсто како челик и шест пати полесно од челикот веројатно ќе биде одржливиот градежен материјал на иднината, велат научниците. Научниците дрвото го споредуваат со карбонски влакна, а ќе може да се користи за да се прави се – од згради и автомобили до јакни кои не ги пробива куршум.
Дрвото досега е тестирано со балистички тестови и се покажа дека ламинираната верзија е толку цврста што може да спречи и проектил. Дрвото го создадоа научници од Универзитетот Мериленд со вриење обично дрво во воден раствор кој содржи хемикалии како натриум хидроксид и натриум сулфат. Со овој процес се отстрануваат органските состојки од дрвото кои му ја даваат структурата и цврстината и се прави поеластично.
Процесот е сличен на првите фази од обработката на дрвото за добивање хартија. Потоа тимот научници го пресувал дрвото меѓу две метални плочи загреани на 100°C на 50 пати поголем притисок од атмосферскиот. Така се отстрануваат просторите меѓу клетките и се набиваат. Притисокот, пак, креира хемиска врска меѓи атомите од кои е составена клеточната структура на дрвото. Крајниот производ е дрво чија големина е пет пати помала од оригиналната и има 300% поголема густина.
Како што велат научниците, дрвото добиено на овој начин е 12 пати поцврсто од обичното дрво и 10 пати поотпорно. Може да се спореди со цврстината на карбонските влакна, но дефинитивно е многу поевтино.
Поврзани артикли