Таен дел на софтверот на ајфоните протече во јавноста. Тоа може да претставува проблем за Apple затоа што може да им овозможи на хакерите да упаднат во добро чуваниот систем на компанијата.
Во врска со скандалот, од Apple за „Бизнис инсајдер“ истакнал дека кодот е стар три години и дека тој не влијае на изворниот код за безбедност. Од компанијата рекле дека има повеќе слоеви на заштита на хардверот и софтверот во нивните производи и дека секогаш ги охрабруваат корисниците да ги ажурираат најновите верзии за да имаат корист од најновите заштити.
Експертите, сепак, наведуваат дека откривањето на тој заштитен дел од софтверот ќе им овозможи на хакерите да пронајдат дупки во безбедносниот систем на ајфоните. Тоа не мора да значи дека корисниците на ајфон веднаш ќе се најдат во ризик, но експертите напоменуваат дека хакерите сега би биле во можност да го анализираат кодот на „Епл“ и подоцна да го искористат за манипулации.
Случајот е откриен кога еден од корисниците на овој паметен телефон го објави безбедносниот код на iPhone на веб-страницата Git Hub на кој корисниците разменуваат разни кодови.
Како што пренесуваат американските медиуми, кодот кој протече во јавноста го открива системот iBoot, кој се активира кога телефонот ќе се вклучи. Се наведува дека хакерите сега ќе имаат можност во телефоните да внесуваат вируси или, пак, алатки за надзор.
Џонатан Кевајн, еден од шефовите во Apple, рекол дека ова е најголемо протекување на податоци во историјата на компанијата.
Поврзани артикли