Многумина Стив Вознијак со право го нарекуваат „пионерот на технологијата“, па кога тој ќе одлучи да даде коментар за некоја технолошка команија, сите внимателно слушаат.
Така, гостувајќи на “Nordic Business Forum” во главниот град на Шведска, Стокхолм, во својот говор одлучи да се осврне на компанијата Тесла и основачот Илон Маск.
Тој ја обвини компанијата која што е најпозната по производството на електрични автомобили, дека премногу помпезно ги најавува своите технологии за автономно возење, а често со користење на евтина тактика бега од одговорноста за своите грешки.
„Кога Тесла ќе се најде во било каква ситуација на патот која што е необична, глупавиот човек или паметниот човек ќе реагира. Но, Тесла не го може тоа“, изјави Стив Вознијак и додаде:
„И потоа ќе речат – станува збор за бета верзија, не сме одговорни, морате да ја контролирате ситуацијата, а тоа е евтин изговор. Се што прочитав ми говори дека било кој друг производител на автомобили во светот е всушност понапреден од Тесла кога зборуваме за автономните возила“, додаде Стив Вознијак.
Иако самиот Вознијак имал два Тесла автомобили во својата гаража, очигледно е дека сега нешто му пречи. Тој тврди дека Маск во неколку наврати ветувал дека Тесла ќе може самостојно да вози низ САД, но тоа нема да се случи во догледно време.
„Јас верував во тоа. Сега не верувам во ништо што говорат Илон Маск и Тесла. Но, се уште го сакам тој автомобил“, изјави популарниот Воз за време на говорот во Стокхолм.
Поврзани артикли