Министерството за здравство на Обединетите Арапски Емирати објави план за изградба на првата болница во земјината орбита именувана како „Emirates Space Hospital“, пишува „Калеј Тајмс“.

Проектот ќе биде дел од националната вселенска програма на земјата.

„Космонаутите ќе добиваат медицинско лекување во вселената, но тоа ќе биде контролирано од Земјата со помош на нанотехнологии.“, изјави портпатолката на Министерството, Култим ал Белуши. Почетокот на проектот е предвиден за 2020 година.