Програмерите на криптовалтата Зкеш (Zcash) употребија радиоактивен отпад од некогашна советска нуклеарна електрана во украинскиот град Чернобил за да создадат безбеден криптовалутен систем.
Рајан Пирс и Ендрју Милер искористија радиоактивен графит подигнат од местото каде што во 1986 година се случи голема нуклеарна катастрофа, за да произведат гама и бета зрачење со низок интензитет.
Тоа зрачење им овозможило генерирање на случајни броеви, кои ќе бидат користени за креирање криптографски параметри за Зкеш.
Целата акција ја спровеле во текот на летото во мал приватен авион со кој летале на висина од околу 1.000 метри над американските држави Илиноис и Висконсин.
Со тоа сакале да бидат сигурни дека кодот што ќе се користи за креирање на Зкеш нема, на било кој начин да биде пробиен.
– Целата постапка е направена за околу 30 минути, со што барем во теорија, е креиран безбедносен код што ќе помогне во градењето на Зкеш, истакна Милер.
Зкеш во моментов се наоѓа на 26. место по вредност помеѓу светските криптовалути.
Поврзани артикли