Астробиологoт од Универзитетот во Индијана, Лиза Прат, е официјално ангажирана од NASA како офицер за заштита на Земјата од вонземски организми.
Работата на професорката Прат е да ја заштити нашата планета од потенцијална инфекција со вонземски животни форми, како што се микроорганизми кои можеби живеат во мразот на Марс. Покрај тоа, астробиологот ќе треба да се погрижи микробите од Земјата да не ги погодат другите планети.
Лиза призна дека е воодушевена од можноста која ја доби. Човештвото е се поприсутно во вселената, а секое ново освојување на просторот ги турка границите на науката и води до нови откритија. Таа верува дека важноста на заштитата на копнената биосфера, како и одговорното изучување на Марс, не смее да се потцени. Според Прат, човештвото е на само неколку децении од заминувањето на Марс и затоа научниците мора да ги предвидат сите можни последици од онтактот со нови животни форми.
Поврзани артикли