За половина декада криптовалутите ќе станат сеприсутно платежно средство, смета Џон Мекафи (John McAfee), легендарниот пионер и гуру во светот на софтверот за анти-вирусни програми.
– Ви ветувам, за пет години од сега повеќе од половина свет ќе користи криптовалути. Другата половина, пак, што нема да користи криптовалути, е половината што веројатно немаат смартфони или немаат пристап до интернет – истакна Џон Мекафи во изјава за „Раша тудеј“, на конференцијата за т.н. „блокчеин“ технологија што се одржа на Бали.
Неговите изјави доаѓаат во време кога биткоинот, најпопуларната валута во мигов, е во постојани турбулуенции во однос на вредноста. Од крајот на минатата и почетокот на оваа година, вредноста на биткоинот е околу 10.000 долари.
When I predicted Bitcoin at $500,000 by the end of 2020, it used a model that predicted $5,000 at the end of 2017. BTC has accelerated much faster than my model assumptions. I now predict Bircoin at $1 million by the end of 2020. I will still eat my dick if wrong. pic.twitter.com/WVx3E71nyD
— John McAfee (@officialmcafee) November 29, 2017
Мекафи, воедно смета дека до 2020 година, биткоинот ќе достигне вредност од милион долари. Првично тој сметаше дека до таа година биткоинот ќе вреди половина милион долари, но оваа прогноза ја смени откако вредноста на оваа криптовалута почна енормно да расте.
„Кога предвидов дека до крајот на 2020 година биткоинот ќе вреди 500.000 долари, користев модел којшто предвиде дека до крајот на 2017 година валутата ќе има вредност од 5.000 долари. Но биткоинот (BTC) порасна многу побрзо од тоа што прогнозирав. Сега, прогнозирам дека биткоинот ќе има вредност од еден милион долари до крајот на 2020 година. Ќе го изедам сопствениот пенис ако грешам“, напиша Мекафи на „Твитер“.
На конференцијата на Бали имаше повеќе од 1.000 учесници од педесетина земји, а на кои главна тема беа криптовалутите.
Извор: AdToDate.mk / Russia Today)