Бизнисменот и иноватор Илон Маск на Твитер објави дека сака да започне со производство на оружје кое ќе фрла оган, а ќе се продава по цена од 500 долари.
“Кога ќе дојде до зомби апокалипса, ќе ви биде мило што сте купиле фрлач на оган. Успешно делува против хорди зомби, а доколку не е така, ќе ви ги вратиме парите!”, напиша Маск.
When the zombie apocalypse happens, you’ll be glad you bought a flamethrower. Works against hordes of the undead or your money back!
— Elon Musk (@elonmusk) January 28, 2018
Во следниот, хумористично интониран твит, Маск ги известува потенцијалните потрошувачи дека ова оружје, освен против зомби, може да се користи и во нешто позабавни цели.
The Boring Company flamethrower guaranteed to liven up any party! https://t.co/n2FiZimJia
— Elon Musk (@elonmusk) January 28, 2018
Неговиот творец истакнува дека “пламенофрлачот на компанијата “Boring”, со сигурност ќе ја заживее секоја журка”.
Маск претходно ветил дека ќе започне со производство на современо безбедно оружје кое ќе исфрла оган, ако успее да продаде 50 илјади бејзбол капи со логото на компанијата.
https://www.instagram.com/p/BeeTFQ7AYhy/?utm_source=ig_embed
По неговото соопштение дека капите се распродадени, Маск навел дека ова оружје наскоро ќе се најде во продажба, а истото веќе може и да се порача. Тој најавил дека испораките ќе започнат напролет.
https://twitter.com/SputnikInt/status/957662052683800578?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fsupermen.tocka.com.mk%2Fvesti%2F259220%2Fso-sigurnost-ke-ja-zazivee-sekoja-zurka-ilon-mask-ima-oruzje-za-borba-protiv-zombi-apokalipsata