Компанијата Xioami е првата која претстави телефон со тенки рабови околу екранот (bezel-less) на моделот Mi Mix кон крајот на 2016-та година. Лани беше објавен Mi Mix 2, a сега кинеската компанија е подготвена да претстави и трет уред во серија, кој ќе има премиум перформанси и ќе биде подобро „полирана“ верзија на премиум уредот на компанијата.
Смартфонот наречен Mi Mix 2s, најверојатно официјално ќе биде претставен за време на Mobile World Congress (MWC) во Барселона кон крајот на февруари, според информациите на кинеските медиуми.
Се очекува дека Xiaomi Mi Mix 2s ќе има нов Snapdragon 845 процесор, како и подобрена камера. Новата камера би требало да има сензор Sony IMX363 со поголеми индивидуални пиксели, побрз автофокус и подобри опции при фотографирање навечер.