Сите сме виделе што се случува кога ќе се отвори вратата од авионот за време на летот на филмовите, а екипата од ЈуТјуб каналот „AsapScience“ објаснува користејќи физички закони што всушност би се случувало.

Шансите за да се отвори вратата за време на летот се минимални, но доколку тоа се случи исто така минимални се шансите и некој да преживее.

– Разликата во притисокот прави отворањето на вратата да е невозможно, барем кога се работи за човечка сила, изјави Патрик Смит, пилот и автор на книгата „Cockpit Confidential“.

– Освен тоа, вратите се обезбедени со механички и електронски брави, па за отворање ќе ви биде потребна хидраулична дигалка, а сигурносната контрола не дозволува внесување на такви во авионите, заклучува тој.