Околу 978 милиони луѓе од 20 земји останале без своите пари во 2017 година поради хакерски напади. Вкупната пресметана штета изнесува 172 милијарди долари. Ова во просек вели дека на секој од оние 978 милиони „измамени“ им биле украдени по 176 долари.
Ова се дел од најновите податоци објавени во новиот извештај на Symantec Security Company. Бројот на сајбер-инциденти во 2017 година бил двојно поголем во споредба со 2016 година. Виртуелните напади се зголемиле за речиси 160.000.
Бројките во извештајот покажуваат некои интересни трендови. На пример, инфицирањето на уредите (компјутер, лаптоп, итн.) со вирус или друг малициозен код е зголемен за рекордни 53% минатата 2017 година. Измамите со кредитни картички скокнале за 38%, додека пробиените лозинки на профили на интернет се зголемени за 34%.