Facebook најави дека во Европа ќе отвори три нови центри за дигитално описменување на граѓаните. Центрите ќе бидат отворени во Шпанија, Полска и Италија
Од Facebook најавуваат и 10 милиони евра инвестиција во Франција преку тамошниот центар за истражување вештачка интелигенција. Facebook веќе отвори слични центри во Нигерија и Бразил. Овој потег наиде на незадоволство во ЕУ, поради настојување технолошките гиганти да ги намалат своите даночни обврски.
„Луѓето се плашат дека дигиталната револуција ќе ги прегази, па затоа сакаме да вложиме во дигитално описменување за да им овозможиме стекнување дигитални вештини потребни за учество во дигиталната економија“, изјави директорката на компанијата, Шерил Сандберг.
Центрите ќе нудат курсеви за дигитално и медиумско описменување и безбедност на Интернет групите со ограничен пристап до технологијата, вклучувајќи ја повозрасната популација, младите и бегалци.
Поврзани артикли