Корисниците на iPhone X тврдат дека на екранот ништо не се случува кога некој ги повикува

Apple својот нов iPhone X го нарече “најнапреден телефон досега”, но и покрај тоа одреден број корисници истакнуваат дека не може да одговори на обичен повик.

Бесните корисници на форумот на Apple објавија пораки во кои тврдат дека на екранот не се појавува ништо кога некој ги повикува, објави Daily Mail.

“Дури откако ќе го ресетирам телефонот, тој нормално работи неколку дена, но потоа повторно се јавува проблемот”, напиша еден од корисниците на форумот.

Ова е само уште еден во низата проблеми со кои се соочува ударниот смартфон на Apple. Имено, по појавувањето на уредот, бројни корисници се жалеа дека екранот на телефонот не реагира кога надвор е многу студено. Apple го реши овој проблем со софтверска надградба.

“Главата ме заболува секој пат кога го користам телефонот десет или повеќе минути. Ова никогаш не ми се случило со постарите телефони”, искоментира еден од бесните корисници.

Apple одби да даде било какви коментари на оваа тема.