Кинеската компанија „Sugar“ објави специјален паметен телефон за чување и „копање“ на крипто-валути. Уредот ќе се продава под името „Sugar Blockchain Creation Edition“ и најверојатно е идентичен со поднесениот за одобрување во локалниот регулатор TENAA, модел Sugar S11.
Информациите јасно покажуваат дека потрошувачите ќе добијат 5,99-инчен телефон со FullHD + резолуција, 4GB RAM и 128GB меморија за апликации. Останатите спецификации вклучуваат батерија со капацитет 3060 mAh, 8-јадрен процесор Snapdragon (веројатно Snapdragon 652), сензор за отпечатоци и 16 мегапикселна главна камера.
Според „Sugar“, телефонот е погоден за „копање“ на крипто-валутата етереум фог, чие лого е поставено на задниот поклопец. Производителот очигледно се надева на сериозен интерес од оние кои сакаат да „копаат“ крипто-валути затоа и стартната цена на уредот во Кина е 3.999 јуани, што е приближно 508 евра.
Секако во интернет веднаш се појавија сомневања дали скромниот хардвер и не особено големиот капацитет на батеријата се прилагодени за „копање“ на крипто-валути, но пак може да се покаже дека „Sugar“ измислиле некакво особено итро софтверско решение.