Револуцијата на пазарот на мобилни телефони продолжува. Компанијата LG деновиве поднела патент за мобилен уред со флексибилен екран. Светската организација за интелектуална сопственост го примила документот кој опишува две различни верзии на дизајнот на преклопен паметен телефон, кој може да се користи и како таблет компјутер.
Ова не е прв патент на LG за ваков смартфон. Можно е во наредните години да видиме многу вакви уреди од различни производители.