Научници-планетолози од Универзитетот Колумбија излегоа со студија за тоа кои региони на Земјата се со најголем ризик од паѓање на метеорити. Според студијата објавена деновиве, региони со најмала опасност од вакви инциденти се екваторијалните земји во Африка, Азија и Америка. Поверојатно е дека метеорити во следните години ќе паднат во северните делови на Азија и Европа.

Падот на метеорит на Земјата е природен начин на кој функционира Сончевиот систем. На 17 јануари 2018 година, метеорит долг неколку метри влегол во атмосферата над Мичиген и експлодирал над Детроит. Пред неколку месеци огромна огнена топка експлодирала и на небото над Аризона.

Овие два неодамнешни настани се релативно незначителни во споредба со падот на метеоритите во Чељабинск и Тунгуска. Научниците на Колумбија проценуваат дека географската област околу двата епицентри претставува само 3,4% од вкупната површина на Земјата. Тие проценуваат дека веројатноста за појава на два последователни големи падови како овие на овие две локации на толку мала област е околу 10%, што значи дека 4000 години треба да чека за да се случи нешто вакво повторно.