Се шири нов опасен тренд на YouTube (ВИДЕО)

Најновиот тренд кој се шири помеѓу тинејџерите се нарекува Tide Pod Challenge.

Станува збор за видео клипови so џвакање на пакетчиња на течен детергент кои тинејџерите ги објавуваат на YouTube.

Од YouTube велат дека сите видеа од овој вид ќе бидат избришани, бидејќи тие ги поттикнуваат младите луѓе да се вклучат во опасни активности, пишува Daily Mail.

„Правилата на YouTube забрануваат содржина наменета за поттикнување на опасни активности кои носат ризик од физичка повреда. Работиме за брзо отстранување на таквите видео клипови кои се косат со нашата политика“, објави YouTube.

Ен Мери Берк, претседател на американската комисија за безбедност на потрошувачите, вели дека конзумација на детергент може да предизвика смрт.

„Овој тренд започна како шега на интернет, но отиде предалеку“, вели Беркл.

Извор: B92.net