LG го претстави својот најнов 27-инчен, 4K HDR компатибилен LCD монитор под името 27UK650-W. Мониторот го применува дизајнот без рамки од трите страни и има IPS-LED осветлен панел (поддршка за HDR 10 стандард).
HDR 10 поддршката овозможува постигнување живописни и природни бои, со широки агли на гледање, а изворната резолуција изнесува 3840х2160 пиксели. Екранот нуди 1000:1 контраст (5.000.000:1 DCR), 350 cd/m² осветлување, 5ms (GTG) одзив и агли на гледање од 178 степени.
Мониторот ги имплементира Flicker-Free и Blue Light Reduction технологиите кои го намалуваат оптоварувањето на очите во текот на интензивните и долги сесии на работа и гледање во мониторот.
Поврзани артикли