Стефани Харман, основач на Стенфорд центарот за палијативна нега, одлучи да ја промени ситуацијата во која смртно болни пациенти не успеваат никако да се вратат во своите домови и завршуваат на смртна постела во некој болнички кревет. И покрај големата желба на пациентите да бидат со своите најблиски пред заминување на „оној свет“, во 60% од случаите, смртта ги затекнува во болничка установа.
Со помош на колегите од Универзитетот Стенфорд, Харман развила систем со вештачка интелигенција способен да ја предвиди веројатноста за смрт на пациентот во следните 3-12 месеци. Како што објаснија авторите на делото, не секогаш е очигледно кога пациентот има потреба од лекување, а кога – палијативна нега, која има за цел подобрување на квалитетот на животот на сериозно или неиздржливо болни пациенти, но не ја елиминира причината за болеста. Овој пристап има смисла ако смртта на пациентот во блиска иднина е неизбежна и го олеснува страдањето од болеста.
„Тешко е да се формулираат критериумите со кои се донесува одлука дека на пациентот не му треба агресивен третман, туку само палијативна нега“, вели Харман. „Студијата покажува дека лекарите имаат тенденција да ги преценуваат предвидувањата, кои, во комбинација со развојот на отпорноста кон терапијата, доведуваат до диспаритет во реалната состојба на работите со желбите на пациентот“, дополнува таа.
Со податоци од многу клинички установи за живи и починати пациенти, групата научници успеала да изгради модел кој предвидува смртност од најразлични причини, не само во однос на одредена болест или возраст. Проверката на алгоритмот на контролна група покажа дека е способноста правилно да ја утврди веројатноста за смрт во следната година е 90%!.
Моделот не е наменет да биде основа за третман, туку резултатите треба да се користат во врска со дополнителна проценка на лекарот.
Поврзани артикли