Во денешниот свет кој е преполн со идеи, амбициозни проекти и компании, мал е бројот на оние кои навистина успеваат да се задржат на пазарот на т.н. паметни геџети.
Една од таквите идеи која прераснала во функционален производ се нарекува “Blocks”. “Blocks” настанал пред три години, а како прототип беше најавен на саемот за технологија “CES” во 2015 година.
По претставувањето на саемот, компанијата која стои зад овој проект отпочна кампања на “Kickstarter”, а по три години пролонгирање и одлагање, оваа година тој ќе се појави како готов производ.
Станува збор за модуларен паметен часовник со можност за проширување на неговата функционалност. Во својата основна форма, овој часовник може да претставува лични фитнес тракер, има можност за интеграција со личниот асистент Alexa и може да прима нотификации од вашиот паметен телефон.
Со цел проширување на функционалноста на овој производ, на часовникот можат да се спојуваат и дополнителни модули како што се GPS уред, светилка, сензор кој ги мери отчукувањата на срцето, временска станица, сензор за мерење на нивото на стрес, термометар, дополнителна батерија и уште многу друго.
Сите дополнителни модули можат посебно да се купат, а истите се дизајнирани да бидат отпорни на вода и прашина.