Минатата година не донесе премногу иновации во светот на паметните часовници, но веќе на почетокот на оваа година, бројни производители најавуваат бројни иновации на своите уреди.
Така, кинески Huawei се подготвува за претставување на паметен часовник кој што за разлика од останатите паметни часовници на пазарот, ќе има куќиште кое ќе биде чувствително на допир.
Според документите кои што од оваа компанија ги поднеле до Светската организација за интелектуална сопственост, рамката на новиот паметен часовник ќе биде поделена на осум делови, од кои секој ќе може да смени некаква функција на часовникот.
Тоа значи дека корисниците ќе можат многу полесно, само со допирање на одреден дел од куќиштето на часовникот, да пристапат до менито, да стартуваат одредени апликации, да го подесуваат времето и слично.
Корисниците ќе можат да го користат новиот паметен часовник на Huawei како дигитален помошник за кој што се шпекулира дека голема е веројатноста да биде опремен и со гласовниот асистент на Google.
Од кинескиот технолошки гигант засега не откриваат кога нивниот нов паметен часовник би можел да се најде на пазарот, ниту пак по која цена ќе се продава. Единствено се чини дека само е сигурно дека ќе пристигне оваа година.
Huawei досега имаат произведено два паметни часовници со Андроид оперативен систем. Последниот паметен часовник кинеската компанија го претстави на Mobile World Congress во февруари минатата година, а според аналитичарите, Huawei ќе открие повеќе детали за новиот паметен часовник на истиот саем во Барселона оваа година.
Извор: Klix.ba