Шефот на Ferrari, Серџо Маркијоне најави пристигнување на потполно електричен автомобил.
Маркијоне во интервју за Bloomberg ја спомена компанијата Tesla, велејќи дека нејзините достигнувања се импресивни, но дека Ferrari и другите компании исто така можат да забележат таков успех.
Планот на Ferrari за наредниот период се хибридни автомобили, а потоа се очекува и производство на потполно елекричен суперавтомобил.
Во Ferrari дефинитивно знаат по нешто околу електрификацијата, во однос на тоа дека веќе произведоа и распродадоа модел LaFerrari, хибриден суперавтомобил со моќен V12 мотор кој развива 800 KS, а кој работи заедно со електричен мотор од 163 KS, така што вкупната сила изнесува 936 KS.
Кога електричните автомобили на Ferrari ќе бидат достапни на пазарот се уште не е познато.
Првиот SUV на Ferrari се очекува да пристигне кон крајот на 2019 година, или евентуално кон почетокот на 2020 година.
Според зборовите на Маркијоне, тоа ќе биде најбрзиот SUV на пазарот.