Акциите на „Eastman Kodak“ се зголемија за речиси 120 проценти откако компанијата за фотографска техника објави дека планира да издаде сопствена крипто-валута – „KodakCoin“. Американското друштво ќе соработува со лондонската „Wenn Media Group“ за иницијална понуда на монети (ICO), што е дел од базираната на блокчеин технологија иницијатива, која има за цел да им помага на фотографите да управуваат со правата на своите фотографии, пренесе „BBC“.
Плановите на „Kodak“ вклучуваат и инсталирање на опрема за „копање“ на Bitcoin во седиштето на компанијата во Рочестер, Њујорк, откако корисниците ќе можат да го користат капацитетот на своевидните миниплатформи за доплата за изнајмување. Потфатот го носи името „Kodak KashMiner“, а деталите беа објавени за време на технолошкото шоу „CES“ во Лас Вегас.
„Kodak“ е уште една компанија, чиј рејтинг „скока“ по откривањето на плановите за дејности, поврзани со блокчеин технологија, се наведува во текстот на „BBC“.
Активностите поврзани со проектот „KashMiner“ ќе бидат управувани од страна на „Spotlite“, со кој „Kodak“ претходно соработуваше во маркетингот на LED осветлувањето. Ископаните биткоин монети ќе бидат споделени помеѓу клиентот и „Spotlite“. Секоја од миниплатформите ќе вклучува компјутерски процесори и вентилатори за нивно ладење, откако ќе користи електрична енергија, приближно еднаква на користената, од деноноќна работа на фен, пишува „BBC“.
Извор: Стандард / BBC