Новинарска истражувачка група Project Veritas објави снимка во која работници на „Твитер“ откриваат детали како ја анализираат приватната содржина што корисниците ја разменуваат меѓусебно.
Тоа дури значи читање и гледање стотина приватни фотографии и пораки.
„Постојат цели тимови кои се посветени на тоа. Имаме најмалку 300, 400 луѓе кои се платени да гледаат фотографии со пениси“, изјави Клеј Хајнс, безбедносен инженер кој работи во „Твитер“.
Хајнс истакна дека лично ги анализирал твитовите и пораките кои претходно други корисници ги пријавиле како штетни.
„Имам можност да ги гледам сите пријавени твитови, што значи дека гледам многу фотогарфии со пениси. Често сум вознемирен поради тоа“, додава Хајнс.
Овој инженер одговори дека доколку е тоа потребно, може да ги види чувствителните информации за корисниците (бројот на телефони, мејлови, лозинки…).
Уште една вознемирувачка работа откри и директорот за пораки и допишувања, Пранај Синг, кој вели дека сè што е испратено преку „Твитер“ останува трајно сочувано на нивните сервери.
„Сите ваши љубовници и девојки со кои сте имале секс се на мојот сервер. Сè што ќе испратите се анализира за податоците да можат потоа да се продаваат на огласувачите“, истакна Синг.
Со оглед на тоа што „Твитер“ е бесплатен за користење, софтверскиот инженер Михаи Флорен вели дека корисниците буквално плаќаат за да ги споделат нивните лични информации.
Погледнете го видеото:
Поврзани артикли