Корисниците на Viber отсега ќе може да користат уште една нова опција – можност за размена на фотографии и видеа кои ќе бидат избришани после гледањето.
По снимањето на фотографија или видео запис (во Виберовата апликација) во горниот десен или долен лев агол ќе се појави пречктран часовник преку кој корисниците можат да изберат време по кое ќе избришат слика или видео од примачот по отворањето.
Периодот за бришање на пораки може да се стави на една, три или седум секунди.
И покрај тоа што Viber доцни со ваквата апликација, сигурно ќе стане многу популарна кај корисниците.