Како извршен директор на компанијата “Tesla” и “Space X” и прeтседател во “SolarCity”, Елон Маск секојдневно има зафатен распоред.
Медиумите се согласуваат дека покрај приватните обврски (има пет деца) и неверојатните деловни амбиции (на шега велат дека неговата амбиција не е од оваа планета), тој стигнува навечер да спие и до шест часа.
Еве што овој претприемач, тежок неколку милијарди долари, прави за секој негов ден да биде максимално исполнет и продуктивен.
“Мастер” за мејлови
Маск се потпира на формите на комуникација кои не бараат одговор во реално време, односно – веднаш, а тоа се мејловите и пораките. Тој избегнува телефонски разговори кога тоа е можно, и на тој начин успева да се држи до својот распоред. “Многу сум добар кога е во прашање конверзацијата преку мејл”, се пошегувал Маск. “Тоа е мојот главен приоритет”.
Намерно недостапен
Луѓето кои не се негови вработени, односно колеги, не можат така лесно да дојдат до Маск. Истото важи и за неговата мејл адреса, па така не мора да губи време на прегледување на разни барања, молби и слично.
Секогаш применува мултитаскинг
…односно работи повеќе нешта истовремено. Обично ги групира истиот вид на задачи и ги работи истовремено. На пример, тој завршува многу работи на телефон за време на состаноците и испраќа мејлови додека проверува други работи.
Секогаш учи
Маск се води по првиот принцип на учењето – она што го интересира е секогаш да биде сигурен дека го разбира најосновното “ЗОШТО” зад секоја научна теорија или правило. Ова го намалува времето кое тој би го потрошил на учење на нови концепти.
Доволно сон
Иако работи многу напорно, Маск спие околу шест часа, никогаш помалку. Вели дека пие две кафиња во денот и неколку диетални Кока-Коли.
И на крајот, многумина се согласуваат дека Маск е невројатно талентиран и дека има непресушна способност за учење. Не треба да се заборави дека зад него стојат часови, денови и години неуморна работа. Затоа, кога некој вели дека постигнал успех преку ноќ, сетете се на цитатот на Месијата кој вели:
“Ми беа потребни 17 години и 114 денови за да остварам “успех преку ноќ”.
Поврзани артикли