Samsung на своите партнери им овозможи да ги ѕирнат изгледот и карактеритиките на идниот смартфон Galaxy X што наводно е речиси завршен.
За смартфоните со екран што се витка се пишуваше и зборуваше многу минатата година. Заинтересираните партнери на Samsung го видоа ваквиот модел на Samsung зад затворени врати на саемот CES 2018 во Лас Вегас.
TECH NEWS: Flexible Samsung Galaxy X could launch in December https://t.co/ySSB62exdW pic.twitter.com/k93VSWas6Y
— Chigz Tech Reviews (@ChigzTechReview) January 14, 2018
Изворите велат дека Samsung е речиси готов со работа на хардверот на телефонот. Прикажаниот Galaxy X има голем екран со дијагонала од 7,3 инчи. Се очекува овој голем дисплеј да овозможи подобро корисничко искуство во споредба со досега достапните решенија.
Наводно, Samsung на саемот CES донел два различни модели: еден со дисплеј што се витка навнатре и друг што се свиткува странично, објави порталот Bug.
https://twitter.com/allthenewsindia/status/952584116330905605?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Ftehnopolis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2018%26mm%3D01%26nav_id%3D1347166
Се претпоставува дека Samsung на крај ќе се одлучи само за еден модел, најверојатно оној со дисплеј што се витка навнатре.
Изворот додава дека со производство на овој модел најверојатно ќе се почне по ноември, 2018 година.
Samsung Galaxy S9, Galaxy X May Feature Unlocked FM Radio Chip https://t.co/L4R2PxSP0A #ValueWalk pic.twitter.com/LQSEwchhSh
— 18d.Media (@18dMedia) January 11, 2018
Извор: B92.net