Минатата година Кина затвори околу 128.000 интернет сајтови, кои содржеле нецензурирани или други „штетни” информации, соопшти официјалната државна агенција Синхуа, цитирајќи го националното биро за борба против порнографијата и нелегалните објави.
Во текот на годината биле конфискувани 30,9 милиони нелегални објави, а повеќе од 4,55 милиони објави на социјални мрежи биле избришани.
Синхуа наведува дека во многу случаи тоа било направено по реакција од јавноста. Добиени се вкупно 121.000 такви реакции.
Бирото соработувало и со одделенијата за јавна безбедност и авторски права, што резултирало со заведени 147 важни случаи. Истражени се повеќе од 900 „криминални“ случаи, по што 1.900 лица добиле кривични пресуди.