Google избриша 60 игри од нивната апликација Play Store, од кои поголемиот дел беа наменети за деца, откако сигурносната фирма Check Point откри баг кој прикажувал порнографски содржини во игрите.
Некои од игрите кои го содржеле баг-от биле помеѓу најпопуларните и најсимнувани периодов, како што се Five Nights Survival Craft и McQueen Car Racing Game.
Како што опишале родителите, на нивните деца им се појавувале големи количини на порнографски содржини и слики кои се несоодветни за мали деца, па затоа и ги напишале критиките на Google Play, што потоа предизвика Google да ги тргне овие игри од нивната апликација.
Злонамерниот баг се вика Adult Swine, а компанијата Check Point вели дека оваа компјутерска грешка преку прикажување на непристојни и порнографски содржини сака да ги натера корисниците да инсталираат лажни безбедносни апликации.
„Ги тргнавме апликациите од Play Store, ги оневозможивме сметките на програмерите кои се одговорни за овој баг и ќе направиме сѐ што е во наша моќ за да ја одржиме безбедноста на корисниците“, рекоа од компанијата.
Кога злонамерен баг ќе влезе во телефонот, тој чека корисникот да го отклучи неговиот телефон и тогаш почнува со наштетување на софтверот. Обично ваквите багови ја кријат нивната икона за да биде потешко нивното откривање.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли