Компанијата Virgin Galactic во четвртокот одржа успешен тест на туристичкиот суборбитален вселенски летач „SpaceShipTwo“, модел Unity. Ова е објавено на веб-страницата на американската компанија.
Вселенскиот брод дизајниран за туристички вселенски патувања е тестиран со полетување од над пустината Мохаве во државата Калифорнија. Летот бил тестиран од двајца пилоти, кои ги проверуваа контролните системи на вселенското летало.
Today is 11th flight for VSS Unity #SpaceShipTwo, 242nd for VMS Eve #WhiteKnightTwo pic.twitter.com/3RetN8tK9m
— Virgin Galactic (@virgingalactic) January 11, 2018
Овој лет е единаесетти во низата досегашни тестови на Unity. Од Virgin Galactic претходно најавија дека се во завршна фаза на тест на моторите кои треба да бидат инсталирани во ракетата за полет.
Порано стана познато дека компанијата SpaceX по вторпат го откажа планираниот тест за најновата ракета на носачот Falcon Heavy.