Lenovo ја продолжува соработката со Googlе и по производите поврзани со заборавениот „Project Tango“, на годинешниот „CES“ доаѓаат со нов производ.
Овој пат станува збор за независен „Daydream VR“ кој се нарекува „Mirage Solo“. Мозокот на овој систем е „WorldSense“ кој ги следи чекорите на корисникот без потреба од надворешни сензори, а за интеракција на корисникот тука е веќе познатиот контролер „Daydream“.
Видното поле на очилата „Mirage Solo“ е декларирано на 110 степени. Резолуцијата на екрано се уште не е позната, а можно е да има „VR“ видео содржина од 180 степени.
Хардверските карактеристики на уредот вклучуваат процесор „Qualcomm Snapdragon 835“ и 4GB RAM. Декларираната автономија на работа изнесува 7 часа.
Од Lenovо ги нагласуваат ергономските квалитети на „Mirage Solo“, како и комфорот при неговата употреба во комбинација со очила.
Lenovо не ја споменува цената на „Mirage Solo“, но таа секако би требало да биде помала од 400 долари.