Мозокот – безжичен скенер за човечки емоции

Научници од британскиот Универзитет Шефилд сметаат дека човечкиот мозок функционира како безжичен скенер за човечки емоции и чувства, чиј принцип на делување наликува на детектирање ви-фи врски.

Според истражувачите, „брановидните процеси” во големиот мозок го набљудуваат, т.е. го скенираат однесувањето и социјалната активност на луѓето во околината, што пак ги оформуваат погледите на човекот кон сето тоа.

При совпаѓање на активноста на брановите во мозокот, или она кога велиме дека две или повеќе лица се „на иста бранова должина“, социјализацијата во одредена група е покомпактна. Поради тоа, тие се склони да одат на исти музички настани, забави, или религиозни и друг вид собири.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × two =