На најголемиот саем за електроника во светот, CES 2018 во Лас Вегас, Samsung го прикажа The Wall – 146-инчен телевизор, чија големина може да се промени по желба на сопственикот. Значи, корисникот може да ја зголеми или намали големината и резолуцијата на панелот или да ја постави саканата форма со едноставно додавање или отстранување на модулите.
„Ние во Samsung се стремиме да им обезбедиме на потрошувачите широк опсег на најмодерни екрани. Како прв комерцијален модуларен MicroLED телевизор во светот, The Wall претставува уште еден чекор напред. Може да се трансформира во било која големина и дава неверојатна осветленост, палета на бои, ниво на јачина на звук и вистинска црна боја. Задоволни сме од овој чекор кон иднината на технологиите на екраните и извонредното корисничко искуство што го нуди за потрошувачите“, вели Junhy Khan, претседател на Samsung Visual Display.
The Wall е изграден врз основа на MicroLED технологијата, која вклучува употреба на неоргански диоди што емитуваат светлина со големина на микрометар, кои се многу помали од LED диодите на веќе актуелните екрани. Тие не бараат позадинско осветлување и филтри за бои. Исто така, MicroLED се одликува со својата сила, издржливост, сигурност, висока осветленост и енергетска ефикасност.
Поврзани артикли