Facebook веќе со години наназад од своите корисници при регистрација го бара бројот од мобилниот телефон, првенствено со цел да се интервенира при евентуално заборавање на лозинката, при што централата испраќа СМС порака со нова комбинација. Тоа донекаде и функционира без проблеми. Но, неодамна е откриена грешка во една од алатките за огласување, која може да го открие телефонскиот број на лица кои посетиле одредени интернет страници.
Стручни лица од САД, Франција и Германија проблемот го откриле уште во мај 2017 година, а Facebook ја призна грешката по неколку месеци.
Фактот што огласувачите можеле да дојдат до телефонските броеви на корисниците, претставува првостепено сигурносно прашање, но и директно кршење на политиката на Facebook околу заштитата на личните податоци. Компанијата сепак тврди дека никој не успеал да го искористи тој нивен пропуст.