Познатиот англиски теоретски физичар, космолог и автор на повеќе книги, кој се смета за еден од најголемите научни умови на денешницата, чие дело влијаеше на современата теорија на општата релативност и квантната механика, уште од 1963 година, Стивен Хокинг, боледува од амиотрофична латерална склероза (AЛС).

Кога на Стивен Хокинг му била дијагностицирана таа тешка прогресивна болест, докторите му давале најмногу уште две години живот. Меѓутоа, тој, овој понеделник го прослави својот 76 роденден. AЛС е тешка болест, од чии последици заболените најчесто умираат во првите пет години.

Меѓутоа, Хокинг се бори со неа повеќе од пет децении. Сепак, поради болеста поминуваше низ различни тешки состојби. Кога во 1985 година страдаше од сериозно воспалување на белите дробови, тогашната сопруга на Хокинг го одби предлогот на докторите да се размисли за негово исклучување од апаратите за одржување во живот. Тој тогаш се наоѓаше во кома, која биле предизвикана од лекови, во една болница во Женева.

„Докторите мислеа дека нема да се разбудам од комата, па и предложија на Џејн да ме исклучат од апарати. Таа тоа го одби. Инсистираше да ме врати во Кембриџ. Следните две недели под интензивна нега беа најтешкиот период од мојот живот“, раскажа Хокинг во документарниот филм за себе во 2013 година.

Како што стојат работите, случајот на Хокинг е редок исклучок, кога станува збор за неговата болест, која му биле дијагностицирана кога имал само 21 година.

Докторите не му давале шанси дека ќе го дочека својот 25 роденден, а тој вчера наполни 76.

„Токму поради тоа што секој ден може да ми биде последен, јас постојано имам желба да ја искористам секоја минута колку што можам повеќе“, истакна Стивен Хокинг во документарниот филм „Hawking: Brief History of Mine“.

Извор: B92.net