Acer го претстави најтенкиот лаптоп во светот

Вчера во Лас Вегас почна најголемиот саем за потрошувачка електроника во светот, Consumer Electronic Show (CES), на кој бројни излагачи ќе претстават технолошки новитети, производи и гаџети и ќе ни ги покажат трендовите кои би можеле да доминираат на ИТ пазарот годинава. Една од компаните кои и пред официјалното отворање на саемот претстави нови гаџети е Acer, која на својот штанд на CES, меѓу другото, ќе изложи нови нодели преносни компјутери кои го вклучуваат и најтенкиот лаптоп во светот.

Acer Swift 7 е наменет првенствено за корисници на кои преносливоста и конектираноста на уредите им е на прво место. Овој лесен лаптоп со куќиште направено од алуминиум е тенок само 8,98 мм и доаѓа со поддршка за LTE за корисниците да можат да имаат пристап до Интернет и кога нема WiFi. Што се однесува на хардверот, лаптопот работи на седмата генерација процесори Intelo Core i7, има 8 GB RAM и 256 GB SSD. Според Zimo, новата генерација на Swift сега има поголем екран (14 инчи во однос на 13,3 инчи) со Full HD резолуција, а батеријата треба да издржи околу 10 часа работа, односно цел работен ден. Лаптопот на пазарот ќе се најде во текот на март по цена од 1.699 долари.

Извор: Zimo.hr