Крадци во Кина украдоа дел од новиот соларен автопат, и тоа помалку од седум дена од свеченото отворање.
Еден километар во источниот град Џинан се состои од соларни плочи под слојот проѕирен бетон, кој им овозможува на возилата да се движат преку фотонапонските ќелии.
Само пет дена по отворањето на 28. декември, работниците открија дека недостасува дел од патот во должина од 1,8 метри.
Работниците веруваат дека крадците украле плоча во обид да ја копираат технологијата, зошто самите материјали се скапи.
Концептот на патишта со вградени соларни плочи постои со години, но неодамна градовите почнаа да градат тест – проекти.
Соларната велосипедска патека е отворена во Амстердам 2014 година, а во село во Франција е отворен пат во должина од еден километар во 2016 година.
Поврзани артикли