Подобри складишта за вакцинитеВакцините спасиле милион животи во светот, но рокот на траење им е краток ако не се чуваат на соодветна температура. Група на научници од компанијата „Глобал фуд“ од Сиетл создала иновативен фрижидер наречен „металфриџ“.Фрижидерот е специфичен по тоа што одржува ниска температура дури и кога ќе остане без струја, па вакцините во него нема лесно да се расипат. „металфриџ“ исто така работи на преносливи вентилатори, па докторите можат да ги носат вакцините на поголеми растојанија и полесно да дојдат до децата во зафрлени подрачја.
Уредување на гените„Замислете ја иднината во која би можеле да земеме ДНК од болна личност, да ги отстраниме гените што предизвикуваат болест и на тој начин да ја излекуваме или, пак, од комарците да ги отстраниме гените што предизвикуваат маларија“, објаснува Гејтс.
Уредувањето на гените е во рана фаза на развој и со себе повлекува и низа прашања за тоа како оваа технологија ќе се користи на одговорен и етички начин.
Соларно гориво
„Ако сакаме да се ослободиме од нашата зависност од фосилни горива и климатските проблеми што тие ги предизвикуваат, потребни ни се различни пристапи. Неодамна посетив лабораторија во Институтот „Калтек“ каде што научниците се обидуваат да пронајдат начин сончевата енергија да ја претворат во гориво“, вели Гејтс.
И понатаму сме далеку од моментот кога автомобилите ќе се движат на соларно гориво, но креативниот пристап на еден научник му дава на Гејтс надеж дека во блиска иднина научниците ќе направат енергетско чудо.
mRNA вакцини
Повеќето од досегашните вакцини користат ослабени или неактивни форми на вирусите за го поттикнат нашиот имунитет за производство на антитела, за да ги спречат болестите. Но научниците сега се обидуваат да искористат генски материјал што би можел да го забрза и да го поевтини развивањето на новите вакцини.
Ако на тој начин успееме да го научиме нашето тело да создава сопствен одбранбен механизам, тоа ќе ни помогне на целосно нови начини да го спречиме појавувањето на болестите.
Подобрен внес на лековите
„Ако секој ден во исто време треба да испиете некој лек, тогаш сигурно знаете колку често заборавате да го испиете“, истакнува Гејтс.
Компанијата „Интрасија“ создала мал уред што се вградува во кожата на човекот. Уредот полека ослободува лекови во крвотокот во текот на одреден временски период.
Постојат неколку начини на кои оваа технологија би можела да се искористи за превенција и контрола на болестите, а Гејтс истакнува дека овој уред би можел да биде посебно користен за заболените од ХИВ. Еден имплант би можел да ја штити личноста со ХИВ дури една година.
Вештачка интелигенција
„Од сите иновации на оваа листа, сигурен сум дека оваа целосно ќе го трансформира нашиот начин на живот“, вели Гејтс.
Вештачката интелигенција ќе создаде нови предизвици на кои ќе мораме да обрнеме внимание, вели основачот на „Мајкрософт“, вклучувајќи ја и промената на работните места на луѓето кои поради автоматизацијата ќе останат без работа.
„Сметам дека вештачката интелигенција ќе ни го направи животот попродуктивен, поделотворен и полесен“, заклучува Гејтс.