Неизбежното се случи. Intel ќе мора да одговора на суд за серијата тврдења поврзани со пропусти во процесорите на компанијата откриени претходно оваа недела. Досега, три случаи се поднесени, односно во државите Калифорнија, Орегон и Индијана. Сите три се колективни тврдења, нагласувајќи дека компанијата намерно го одложила признавањето на слабостите, откако знаела за нив со месеци.
Уште една контроверзна поента е дали „закрпите“ за овие експлоити влијаат врз перформансите на компјутерот. Според независни проценки, тие можат да го забават процесорот за 30 проценти, додека „Intel“ тврди дека просечниот потрошувач нема да ги забележи.
Сѐ уште е рано да се каже во која насока ќе одат тужбите, бидејќи ранливостите беа објавени јавно едвај во средата. Сепак, веројатно е дека „Intel“ ќе биде тужена.
Истото се случи неодамна со „Apple“, откако стана јасно дека гигантот намерно ги успорувал постарите модели на iPhone за да се спречат оштетувања.
„Intel“ ветува дека 90 отсто од погодените чипови ќе бидат „закрпени“ во рок од една недела, додека „Microsoft“, „Google“ и „Apple“, исто така, издаваат надградби за „Spectre“ и „Meltdown“.