Претставен е првиот автомат за детергент т.н. детергентомат во првиот хрватски аутлет за храна, Жабац. Од автоматот може да се набават детергенти за повеќе намени и по поволни цени.
Се плаќа по литар односно килограм, чија цена се движи од околу 40 до 70 денари. Детергентот може да се наполни во сопствено шише или пак шишето може да се купи во продавницата.
Од аутлетот Жабац соопштиле дека вработиле лице со инвалидитет кое ќе работи на автоматот и ќе ги услужува купувачите. Проектот за детергентоматот го имплементирале во соработка со хрватската компанија Labud.
Марио Жамбоки, косопственик на аутлетот, нагласил дека со ваквиот начин на купување детергент без амбалажа се придонесува за зачувување на околината. Поентата е во тоа купувачите да дојдат со сопствена амбалажа во која ќе си наполнат детергент по поволни цени. Детергентите кои се нудат вклучуваат средство за перење садови, омекнувач за облека, детергент за облека, универзален детергент, средство за санитарии и средство за чистење на стакло.
Извор: Poslovni Dnevnik.hr