Американскиот портал Renewable Energy World, известува за интересна иницијатива на познатиот јапонски производител на возила Nissan. Имено, почнувајќи од 01.01.2018, компанијата им овозможува на сопствениците на електричните возила од марката Nissan Leaf на јапонскиот пазар, вградување на систем за генерирање на електрична енергија од соларната енергија. Се работи за новата серија на познатиот модел на електрично возило која е претставена во септември 2017 година. Целта ан оваа иницијатива која се спроведува во соработка со компанијата Ecosystem е промовирање на производството на електрична енергија за полнење на овие возила на еколошки начин.
Поврзани артикли