Данскиот пиварски гигант Carlsberg инвестираше 4 милиони долари во систем на вештачка интелигенција кој од јануари годинава ќе помогне за далеку побрз развој на нови видови пиво. Како што пренесува Financial Times, Carlsberg на тој проект работи заедно со Microsoft и два универзитети од Данска, а дел од инвестицијата доби и од данскиот државен иновативен фонд.
Јокен Форстер, еден од директорите на истражувачката лабораторија на Carlsberg, објаснува дека системот на вештачка интелигенција се состои од низа сензори кои можат да направат разлика во вкусот на пивото. На тој начин времето потребно за развој на нови видови пиво ќе се скрати до 30%. Вообичаено, времето потребно за развој на едно пиво е помеѓу 7 и 24 месеци. Улогата на Microsoft во проектот е помош во интерпретацијата на податоците и проектирање на интерфејс едноставен за користење.
Поврзани артикли