Еве една примена на 3Д печатењето која веројатно ќе биде покорисна за најголем дел од луѓето отколку 3Д печатените пиштоли и резервните делови
Холандската компанија Aectual со помош на огромни роботи 3Д печати подови со изглед по желба кои се дизајнирани да ги газат илјадници луѓе во аеродроми и други јавни површини. Првиот 3Д печатен под во светот беше поставен во продавница на Loft во Токио, а вториот во ноември минатата година беше поставен на аеродромот Шифол во Амстердам.
Fast Company пишува дека системот на Aectual вклучува огромни роботи кои печатат тридимензионални дизајни на големи површини со помош на рециклирана биопластика. Роботските раце се движат од едениот до другиот крај на подот со помош на шини и го поставуваат дизајнот кој ќе служи како основа за подот. Печатените дизајни се дебели само неколку сантиметри за да има простор да се дополни остатокот на лице место.
Кога ќе бидат готови 3Д печатените модели се носат на местото каде што ќе се постават. Таму се пополнуваат празните простори со мареијал направен од рециклирани парчиња гранит или мермер измешани со врзивна супстанција. На крајот се се полира за да се добие мазен изглед. Производот официјално беше лансиран во текот на Холандската недела на модата во октомври минатата година. Според Aectual, роботите можат да направат каков било дизајн, без оглед на тоа колку е сложен.
Извор: Inovativnost.mk / Fast Company