Тим експерти по роботика од повеќе држави создадоа бионичка рака, со што успеаја на една жена да и ја вратат способноста да допира и да ги чувствува предметите.
Веќе со години научници работат на бионички пронајдоци кои би го вратиле чувството за допир и употреба на она што не опкружува. Современата технологија и тоа како може да се искористи во надополнување и враќање на физичките недостатоци во нормала.
Групата научници стационирани во Рим утврдија дека ова помагало веќе може да се користи и вон лабораторија.
Алмерина Маскарело пред 20 години ја изгубила левата рака во несреќа. Таа ја користи прототип-раката веќе шест месеци и може да процени дали предметот е тврд или мек на допир.
– Чувството е природно, како да е вистинска рака. Конечно можам да го правам она што претходно ми беше исклучително тешко, како што се облекувањето и обувањето. Се чувствувам комплетно, нагласува Маскарело.
Раката функционира така што по допирот на предметот, сигналите преку ситни електроди се пренесуваат до мозокот.
Поврзани артикли