Основиот модел Nokia 1 ќе биде наменет за сите корисници на кои што телефонот им е потребен за телефонирање, испраќање на пораки, прегледување на социјалните мрежи и повремено правење на фотографии.
Компанијата “HMD Global” во чија што сопственост е легендарниот фински мобилен бренд Нокиа, за кратко време претстави неколку паметни телефони чија што главна карактеристика е одличниот однос на цената и квалитетот, а се разбира, најголемо внимание привлекоа со претставувањето на „освежениот“ Нокиа 3310.
Понудата моментално вклучува од Нокиа 2 до Нокиа 8, така што како што бројот се зголемува, така и телефонот станува помоќен. Оваа година “HMD Global” наводно се подготвува за претставување на два модели – како што е познато, ќе пристигне најмоќниот Нокиа 9, но и „најобичниот“ Нокиа 1.
“Android Authority” пренесува дека Нокиа 1 првенствено ќе биде наменет за пазарите во развој, а веројатно ќе се појави и на другите пазари. Покрај солидниот хардвер и пристапната цена која ќе се движи околу 70-80 евра, се смета дека Нокиа 1 ќе биде најпопуларен кај корисниците кои што својот телефон го користат за телефонирање, испраќање на пораки, прегледување на социјалните мрежи и повремено правење на фотографии.
Што се однесува до карактеристиките на самиот телефон, во рамките на цената ќе пристигне „солиден“ процесор, 1 GB RAM меморија и 8 GB интерна меморија која ќе може да се прошири со помош на MicroSD мемориска картичка.
Засега не е позната дијагоналата на екранот, а се шпекулира дека истиот ќе има реолуција од 1280х720 пиксели. Според споменатиот извор „единицата“ на Нокиа ќе можеме да ја очекуваме во текот на март оваа година.