Популарната туристичка платформа Trip Advisor ги сумираше резултатите од 2017 година. Врз основа на прегледите на туристите познати се најпопуларните туристички атракции.
Експертите на онлајн платформата според анализираните резултати велат дека Лондон е убедливо најпопуларниот град за туристички патувања со над 1 милион прегледи преку нивната платформа. Најслаба во овој сегмент е африканската држава Еритреја, која имала само 17 прегледи од 9 туристи.
Најпопуларно место за јадење е една пекарница во Лисабон, наречена „Pateis de Belem“,за која во текот на годината биле напишани над 10.000 коментари. Најмногу дискутуран хотел е хотелот „Hard Rock Hotel“ во Пунта Кана во Доминиканската Република, чиј вкупен број критики во моментов достигнаа над 500 милиони.
Меѓу најпосетените знаменитости најмногу критики добила базиликата “Саграда Фамилија” во Барселона (30.000).