Иако на водечката позиција со години доминираше Windows на „Microsoft“, сѐ се промени со експанзијата на мобилните уреди и сѐ почестото користење на мобилни платформи во однос на десктоп компјутери и преносни уреди, па Windows падна на втората позиција со 37,2% удел на пазарот.

На третата позиција е оперативниот систем iOS на „Apple“ со 13,14% удел на пазарот, а на четврто место исто така е „Apple“ со десктоп верзиите macOS и OS X што се инсталирани на 5,21% од уредите.

Петтата позиција е поглед во „непознатото“, бидејќи како главна опција на 2,73% од уредите била детектирана „непознат оперативен систем“.

Linux е опција за 0,77% од уредите, а 2,1% отпаѓаат на сите останати оперативни системи.

Трендот на доминација на мобилните оперативни системи сигурно ќе продолжи и во новата година.