Титаниумски делови за производство на мотор за авиони за првпат се испечатени на 3D принтер и истите се успешно искористени при производство на ваков мотор. Станува збор за 30% од деловите на еден мотор за авиони произведен во чешката компанија Cessna.
Моторот помина целосно функционален тест на авион од типот Cessna Denali во Прага, кој беше успешно завршен. Како што објавија на официјалната веб страница на компанијата, развојот на проектот на моторот, кој може да се отпечати на 3D печатач, траеше повеќе од две години. Специјалистите на компанијата успеаја да го намалат бројот на делови во печатениот блок од 855 на само 12.
„Продолжувањето на тестовите ќе даде вредни податоци за моторот, како и за потврда на перформансите на аеродинамичните, механичките и воздушните системи. Раните податоци по лансирањето и тестирањето на поединечните компоненти покажуваат дека ќе ги надминеме или ги надминавме сите индикатори за ефикасност кои беа посочени за моторот“, изјавил Пол Коркири, генерален менаџер на компанијата.
Поврзани артикли