Најдобрите апликации за вашиот нов Android телефон

Купивте нов Android телефон, и сега што? Во него нема ниту една апликација која ќе ви го направи искуството на користење на телефонот поубаво. За да го решите овој проблем, ќе треба да го прилагодите уредот према вашите преференци. Откако ќе ги инсталирате најчесто користените апликации, како Facebook, Twitter и Instagram, што понатаму?

За понатаму ќе ви бидат потребни апликации кои ќе ви го направат подобро искуството на користење на уредот. Затоа, одбравме неколку од нив кои навистина се покажаа како најдобри во полето на интерес за кое се наменети.

Weather Timeline

На апликациите за времето им нема крај, но навистина е тешко некоја да се истакне повеќе од Weather Timeline, посебно кога се работи за практичноста и изгледот на самата апликација. Најважната работа е што таа го користи детекторот на Dark Sky, кој има најголема прецизност кога е во прашање дождот. Апликацијата чини 1,49 долари.

Inbox by Gmail

Ова е другата апликација на Google со која можете да ги го проверувате меилот. Inbox самиот ги сортира меиловите во групи, за полесно да се снајдете. Покрај тоа, има толку допадлив интерфејс со кој уште од првото вклучување на апликацијата ќе се чувствувате како да ја користите со години.

Google Fit

Описот на оваа апликација е многу едноставен: брои колку чекори имате направено во денот. Секако, прави и многу повеќе од тоа, но ова ѝ е главната функција. Покрај тоа, можете да си поставите цели, може да мери колкава дистанца имате поминато, и да ги споредите вашите резултати со луѓето во ваша близина.

Pushbullet

Една од најдобрите ситници кај iPhone и iMac уредите е тоа што нотификациите од нив можат да се покажуваат на вашиот компјутер. Епа, ако ја инсталирате Pushbullet апликацијата, тоа ќе биде изводливо и за вашиот Android телефон. Pushbullet е лесна за користење и самата ви објаснува што треба да направите.

Pocket

Ако не ја користите Pocket апликацијата, време е да почнете. Pocket ви дозволува да зачувате адреси од статии и артикли кои ќе ги забележите додека седите на интернет, Twitter или Facebook. Доколку сте една од оние личности кои сакаат да читаат интересни работи на интернет, но често ги губите нивните адреси, Pocket е идеалната апликација за вас.

Избор: Кајгана

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 4 =