Летот „Сантијаго 513“ од Берлин кон Сантијаго на 4 септември 1954 година и денеска е една од најинтересните приказни за мистеријата на Бермудскиот триаголник. Од стартот на летот се до просторот над Атланскиот Океан екипажот на Santiago Airlines јавува за мирен лет, кога одеднаш леталото исчезнува од радарот на контролата на летови. Местото на кое е регистрирано исчезнувањето е фамозниот Бермудски триаголник.
Властите се ообидуваат да го лоцираат авионот, но тој се води како исчезнат цели 35 години. Последните записи за летот покажуваат дека авионот го напуштил Ахен, Западна Германија, утрото на 4 септември 1954 година, а потоа исчезнува над Атлантскиот Океан на пат кон Порто Алегре (Бразил). Во тоа време воздухопловните власти едноставно го прифатиле фактот дека авионот се урнал, но неговите остатоци не се пронајдени никогаш. Она што е интересно и веројатно скриено од очите на јавноста е фактот дека авионот се појавува и слетува мистериозно во Порто Алегре на 12 октомври 1989 година?!
Вработените во Порто Алегре биле вчудовидени од она што се случило на аеродромот. На 12 октомври 1989 година одеднаш контролата на летови регистрира неидентификуван авион над аеродромот, но не успева да воспостави контакт со него. Не долго подоцна, тој слетува на една од празните писти.
Пред очите на вработените слетува авионот на кој му нема трага цели 35 години. Приближувајќи му се и влегувајќи во авионот, крвта на сите членови на аеродромскиот тим буквално им се смрзнува. Авионот бил полн со скелети – 88 патници и 4 члена на екипажот. Брзата проверка на авионот го потврдува фактот – станува збор за исчезнатиот лет Сантијаго 513.
Официјални лица одбиваат да дадат објаснувања за настанот, но не можат да негираат дека овој авион го нарушил законите на просторот и времето. За жал, случајот е ставен „под тепих“ и скриен од јавноста. Сите очевидци мораат да ги сменат изјавите, а строго контролираните медиуми не објавуваат ништо за истиот. Само една статија во весник го потврдува неверојатниот инцидент.
До денеска нема да најдете ништо официјално за фамозниот лет Сантијаго 513, но она што се раскажува во кулоарите во Порто Алегре тешко може да се потврди со официјален документ или изјава на властите. Ако се е онака како што се раскажува за настанот од 1989 година, тогаш летот Сантијаго 513 можеби е доказ дека временските портали навистина постојат. Она што никој не може да си го објасни е фактот: Како овој авион успешно се приземјил?
Поврзани артикли